Тактички ловец-бомбардер Су-34
Вадим Савицки/Global Look PressВо понеделникот на 28 мај 2018 година израелската радиостаница „Кан Бет“ соопшти дека руски авиони-ловци натерале израелски летала да го напуштат воздушниот простор на Либан. Сајтот „Мако“ и весникот „Тајмс оф Израел“ (Times оf Israel) наведуваат дека група руски ловци-бомбареди Су-34 пресретнале пар израелски F-16 на небото над градот Триполи, кој се наоѓа на северот на Либан.
Военото воздхопловство на Израел има обичај интензивно да го користи воздушниот простор на северен Либан, затоа што оваа земја нема адекватни ПВО системи кои можат да го спречат тоа. Според податоците на израелските медиумски портали, групата авиони F-16 извршувала редовни борбени задачи за дополнително извидување на сириската територија со цел потрага по објекти во кои се наоѓаат ирански воени капацитети. Меѓутоа, таа активност ја прекинале руски Су-34.
На либанските и сириските портали се појавија и видеоклипови на кои се гледа руски Су-34 кој наводно учествувал во таа акција.
#حربي_بالأجواء من المنية طيران حربي لم يعرف لمن بعد و عل الارجح طيران روسي pic.twitter.com/fKtknLP42S
— Abdallah Samra (@AbdallahSamra92) 27 May 2018
Од друга страна, руското Министерство за одбрана ги демантираше ваквите наводи на израелските медиуми кои известија за наводното пресретнување на нивни авиони F-16 над територијата на Либан. „Информација која е споделена од еден од медиумските портали за наводно пресретнување на израелски ловци F-16 од наши Су-34 е дилетантска глупост“, пренесува информативната служба на руското Министерство за одбрана.
Су-34 е пред сѐ тактички бомбардер и тој првенствено се употребува во операции за уништување на непријателски цели на копно/море, а само во исклучителни ситуации може да се употреби и за борба против непријателски воздухоплови. Иако овој авион има потенцијал за класична борба во воздух, сосем сигурно е дека руската команда не би го испратила во мисија за пресретнување противнички авиони. За такво нешто се наменети други типови на „Сухој“, како што се Су-30СМ или Су-35 кои исто така се наоѓаат во состав на руската воздухопловна група во Сирија.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче