Видео: Су-34 ги полни резервоарите во воздух

Артјом Аникеев/Global Look Press
На интернет се појави видео-снимка во која тактички бомбардери Су-34 дополнуваат гориво во воздух.

Како што соопшти информативната служба на Западниот воен округ, една од најтешките задачи ја извршија бомбардерите-ловци базирани во Воронешката област.

Горивото е дополнето од авион-танкер Ил-76. Пилотите на Су-34 долетаа во зоната на средба со танкерот, му се приближија на 10-15 метри, зазедоа почетна позиција и воспоставија контакт со конусот за претекување на гориво.

Целата операција е извршена на висина од 4-6 илјади метри. Според условите на задачата, растојанието меѓу танкерот и Су-34 не беше поголемо од 20 метри.

Треба да се додаде и тоа дека денеска во Русија се одбележува 69-годишнината од основањето на армиската авијација на Воздушно-космичките сили на Русија.

Се смета дека таа авијација е родена на 28 октомври 1948 година кога е формирана првата ескадрила со хеликоптери. Тогаш армиската авијација настанала како посебен род во рамките на Воздушно-космичките сили на Русија. Како што соопшти информативната служба на Министерството за одбрана, денес армиската авијација на  Воздушно-космичките сили има хеликоптери кои спаѓаат меѓу најдобрите на светот. Тоа се Ка-52 „Алигатор“, Ми-28Н „Ноќен ловец“, Ми-35М, Ми-26, Ми-8 и неговите современи модификации, како и школските хеликоптери „Ансат-У“ и Ка-226.

Овој род на војска постојано добива нова борбена техника.

„Веќе втора година по ред војската добива нова техника со забрзано темпо. Денес 75% од воените единици на армиската авијација се целосно опремени со нови модели на авијациска техника, а во останатите единици техниката е модернизирана“, изјави началникот на Одделението за борбена обука на армиската авијација на Водушно-космичките сили, генерал-мајор Олег Чесноков.

Покрај хеликоптери, армиската авијација поседува и тактички бомбардери, транспортни авиони и ловци во различни модификации.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња