„Братот на „Сонцепјок”: Тешкиот оклопен транспортер-пламенофрлач БМО-Т

Виталиј В. Кузмин
Борбеното пламенофрлачко возило БМО-Т во суштина е близок роднина на другиот руски пламенофрлачки систем ТОС-1А „Сонцепјок”.

Овие оклопни роднини имаат многу заеднички нешта. Меѓу другото, проектирани се и се произведуваат во Омск. Како почетна шасија за двете е избран тенкот Т-72,  проверен со повеќегодишната употреба во војската и разни воени судири. БМО-Т и ТОС-1А ќе служат заедно во состав на силите за радијациска, хемиска и биолошка заштита.

Ги поврзува и тоа што се произведени во релативно мал број.

БМО-Т е всушност тежок оклопен транспортер. Вистина, освен екипажот од 2 војника плус 7 војници за десант во возилото собира и уште 30 пламенофрлачи „Шмељ”.

Освен моќниот тенковски оклоп, заштита обезбедува и „реактивниот“ систем „Контакт-5”  кој е во состојба да неутрализира не само кумулативна муниција, туку и противоклопни поткалибарни проектили кои имаат форма на стрела. И противкумулативните плочи на тенкот исто така се засилени со динамична заштита.

Затоа БМО-Т е значително посамоуверен на бојното поле во споредба со техниката врз база на лесните оклопни возила МТ-ЛБ и БМП-2.

Во случај на потреба тешкиот оклопен транспортер-пламенофрлач може да одговори и со помош на тенковскиот митралез Никитин-Соколов-Волков калибар 12,7 милиметри. И покрај тежината од 43,9 тони, возилото е многу подвижно. Моќниот мотор од 840 КС постигнува брзина до 60 км/ч. Со полн резервоар поминува преку 700 километри.

Прочитајте повеќе: Германскиот печат пишува за „најстрашното оружје на Русија“

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња