Руската војска во 2020 година го добива новиот тежок повеќецевен ракетен фрлач „Тосочка“

Global Look Press
Пробната експлоатација на новиот тежок повеќецевен пламенофрлач „Тосочка“ во воените единици ќе почне во 2020 година. Ова за агенцијата „Интерфакс“ го соопшти заменик-раководителот на холдингот „Техмаш“ Александар Кочкин.

„Сега се подготвуваат експериментални примероци на новиот систем за прелиминарното тестирање. Државното тестирање е планирано за 2019 година“, рече Кочкин.

Толку краток рок за тестирање е даден затоа што борбениот модул на овој систем не е изменет. Главната особеност на „Тосочка“ ќе биде шасијата на тркала.

Најновите вооружени конфликти потврдуваат дека тешките самоодни повеќецевни ракетни фрлачи се корисни и ефикасни. Русија е единствената земја на светот која прави такво оружје. Испораката на млазни проектили за тешкиот повеќецевен ракетен фрлач „Сонцепјок“ порасна во текот на 2017 година за 8,6 пати, соопшти „Техмаш“.

„Сонцепјок“ е успешно применет во Сирија, каде моќната заштита на овие фрлачи на тенковски гасеници овозможи примена на првата линија на фронтот со директно наведување на огнот. Меѓутоа, машините на гасеници не се доволно мобилни во услови на современото маневарско војување, каде нема континуирана линија на фронтот, туку се водат локални борбени операции, така што тешката техника мора постојано да се префрла на нова локација со помош на тегнач за да се штедат гасениците и патиштата. Сето тоа е скапо, сложено и не е доволно безбедно.

Тој проблем треба да го реши „Тосочка“ која наместо гасеници има тркала, дотолку повеќе што бандите против кои војува руската армија во последно време немаат тешко вооружување кое би било критично за таквите возила на тркала. Што се однесува до класичното војување, руската армија во својот арсенал ги има „Буратино“ и „Сонцепјок“ врз база на тенкот Т-72.

Ќе се усовршуваат и проектилите.

„Постојано се модернизира и муницијата и тој процес е непрестаен. Можно е дека ќе се зголеми дострелот на ракетите и радиусот на дејство на експлозијата“, смета Игор Коротченко, директор на Центарот за анализа на светската трговија со оружје.

Оружјето „Тосочка“ го произведува научно-производствената корпорација „Сплав“ од рускиот град Тула, главниот руски производител на повеќецевните фрлачи на ракети. Најголемата предност на тешките фрлачи на млазни ракети се термобаричките боеви глави. Тие ги горат утврдените позиции однатре, а на отворен простор создаваат ударни бранови со исклучително голема сила. Дополнителен разорен фактор е скокот на атмосферскиот притисок  поради согорувањето на кислородот во атмосферата.

Прочитајте повеќе: Како ќе изгледа модернизираниот повеќецевен ракетен фрлач „Сонцепјок“?

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња