Видео: На Парадата на Победата и новото армиско возило за движење по снег

Лав Феодосеев/TASS
На Парадата на Победата на Црвениот плоштад во Москва Министерството за одбрана ќе претстави уште еден новитет – армиското возило за движење по снег, вооружено со митралезот „Печенег“ на концернот „Калашников“.

На интернет се појави видеоснимка со возилото за движење по снег што ја објави Министерството за одбрана на Русија. На снимката се гледа како функционира возилото во арктички услови, односно како  слободно се движи по шумски патеки затрупани со снег и совладува природни пречки.

Армиското возило за движење по снег е наменето за извидување и патролирање по тежок терен, како и за обезбедување на воени и цивилни објекти. Во возилото можат да се превезат четири војници под полна борбена опрема. Во состојба е да совлада растојание и до 500 километри, во суровите услови на Арктикот.

Како што наведуваат конструкторите од претпријатието „Транспорт“ од Нижни Новгорот, возилото нема адекватна конкуренција во светот. Стручњаците ја истакнуваат неговата топла кабина и пријатната температура од 18 степени. Тоа е единственото транспортно средство кое без оглед на висината на снежната покривка може да се движи со брзина и до 40 километри на час.

Прочитајте повеќе: Руската морнарица доби амфибиски возила за снег и мочуриште „Алеут”

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња