„Непроценлив ресурс“: Странските медиуми за единствениот руски систем С-500

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА

Почетокот на сериското производство на противвоздушниот ракетен систем С-500 „Прометеј“ ќе биде од големо значење за Русија и нејзините воени партнери, пишува Military Watch Magazine.

Иако засега за обезбедување на противракетната одбрана на Москва се доволни постојните системи С-400, С-300В и А-135, сепак, за да се отфрлат нови закани, потребна е модернизација на арсеналот на ПВО. Затоа завршувањето на развојот на С-500 за Русија е задача од стратешко значење, затоа што западните земји се фокусираа на развој на хиперсонични и интерконтинентални балистички ракети, се вели во текстот. Во врска со тоа, како што се истакнува, С-500 ќе претставува непроценлив ресурс. Системот треба да биде првата борбена платформа во светот која ќе биде во состојба да одбие напад на хиперсонични ракети, се наведува во статијата.

С-500 спаѓа во новата генерација противвоздушни системи „земја-воздух“. Универзалниот систем со голем дострел и пресретнување на големи висини има нагласени способности за противракетна одбрана и може да пресретнува балистички ракети.

Според информациите од отворени извори, С-500 има дострел од 600 километри и е во состојба да открива и истовремено уништува до десет балистички хиперсонични цели кои летаат со брзина до седум километри во секунда.

Прочитајте повеќе: С-500 - ракетен систем кој ги соборува сите цели