Енклавите Хаџар ел Асвад и Јармук, последните упоришта на терористите, овие денови ги чистат механизираните единици на сириската војска. Репортажата од овој пекол е објавена на каналот „Рускаја весна”.
Практично сите згради во квартот се срушени, но дури и тие претставуваат сериозна опасност за сириската војска во офанзива. Густо распоредените и разрушени објекти им одговараат на терористите. Многу станбени згради се претворени во утврдувања.
Во таква ситуација, на помош на сириската војска по кој знае кој пат ѝ доаѓа советското самоодно возило за деминирање УР-77 „Метеорит”, попознато како „Змејот Горинич“.
Воените инженери истрелаа проектили врз две повеќекатници во кои беше утврден непријателот и ги избришаа од лицето на земјата.
Во чистењето на реоните Хаџар ел Асвад и Јармук се коришстени и оклопни булдожери.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче