УР-77 „Метеорит“ познат како „Змејот Горинич“.
Виталиј КузминОсновниот механизам на „Змејот Горинич“ за уништување на поставените мини претставува силниот ударен бран што го создава експлозивното полнење, односно ракетата УЗП-77 истрелана од фрлачот УР-77. Покрај ракетата, експлозивното полнење се наоѓа и во специјалниот детонирачки кабел ДКРП-4, кој паѓа на земјата заедно со ракетата. Овој кабел е наполнет со 18-22 експлозивни полнења/секции, секоја тешка по 40 кг, составени од високобризантен пластичен експлозив врз база на хексоген и алуминиум, што севкупно создава страшна експлозија еквивалентна на дури 1000 кг ТНТ!
Ова експлозивно полнење се истрелува со помош на ракетни мотори на цврсто гориво ДМ-70, овозможувајќи ѝ на ракетата да прелета 200-500 метри. Ударниот бран механички дејствува на запалките на поставените мини, по што доаѓа до нивно детонирање.
#Syria#Damascus#SouthDamascus#SouthernDamascus#South_Damascus#Southern_Damascus
— Ivan Sidorenko (@IvanSidorenko1) 21 April 2018
The Syrian Republican Guard 105th Brigade seen using the
UR-83p mine clearing system #YarmoukCamp#Yarmouk_Camp#Qadam#Hajr_alAswadpic.twitter.com/XdFXk428w3
Употребата на УР-77 гарантира создавање на безбедна „бреша“ во минско поле со должина од 100-115 метри и ширина од околу 6 метри, што е доволно за безбедно поминување на тенковска колона. Покрај тоа, ова средство многу ефикасно може да уништи и посеани противпешадиски мини, создавајќи малку поширок простор за пробив на трупи (до 14 метри).
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче