Руските спецназовци од Јужниот воен округ го добија новото оклопно возило „Тајфунче“

Слободан Ѓукиќ
Новото оклопно возило КамАЗ 53949 „Тајфунче“ (Тайфуненок), кое беше претставено на 9 мај на Парадата на Победата, штотуку пристигна во единицата за специјални намени на Јужниот воен округ, соопшти службата за односи со јавност на воениот ресор.

За разлика од оклопното возило „Тајфун-К“, новото возило има помали димензии и поинакви карактеристики. Во внатрешноста се наоѓаат вкупно десет седишта за екипажот и припадниците на десантните единици, четири седишта (вклучувајќи го седиштето на возачот и командирот) се свртени со лицето нанапред, во правец на движењето на возилото, додека останатите се поставени бочно во задниот десантен отсек.

Оклопното возило има моќна оклопна заштита отпора на куршуми од автоматската пушка „Калашников“, како и од снајперската пушка СВД. „Тајфунче“ е исто така во голема мера заштитен од мини и експлозиви, така што може да издржи експлозија еквивалентна на шест килограми тротил.

Возилото има мотор со сила од 350 коњски сили. Максималната брзина му е 105 километри на час, а автономијата на движење до 850 километри.

„Тајфунче“ може да се користи за вршење на различни задачи – извидување, санитарна служба и како командно-штапско возило. На оклопното возило може да биде поставен борбен модул БМ-30-Д со автоматски топ калибар 30 мм и со него митралез ПКТМ калибар 7,62 мм.

За групите на единиците за специјална намена веќе до крајот на неделава ќе биде организирана обука за возење на новото возило во екстремни ситуации во услови на ридско-планински и шумски терен и беспаќе на класични и тенковски полигони,

Треба да се каже дека пред да влезе во состав на вооружувањето на руската војска, „Тајфунче“ беше тестиран во Сирија, пренесува РГ.

Погледнете го КАМАЗ „Тајфун-ВДВ”: Новото оклопно возило на руските падобрански единици

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња