Инженери од Ростов го усовршија теренското возило „Нива“ и го претворија во автомобил-амфибија. Рускиот теренец сега не само што е во состојба да преминува водени пречки, туку може и да плови. Како доказ за ова на „Скајп“ е објавена видеоснимка од која се гледа дека „Нивата“ навистина плови како брод. Треба да се додаде дека водата сепак влегува во возилото и по возењето треба да се исуши.
Автомобилот го усовршија момчиња од Аксај во Ростовската област, додава авторот на оваа снимка.