Зошто советската космичка флота мораше да заврши на гробиштата на бродови

И покрај својот назив, Поморската космичка флота (Морской космический флот) не постоеше заради воени судири во вселената. Овие напредни научни бродови придонесоа многу во истражувањето на вселената.

Откако Советскиот Сојуз кон крајот на 50-те години од минатиот век почна активно да ја развива својата вселенска програма, беше соочен со сериозен проблем. Центарот за контрола на летањето ефикасно ги следеше и контролирање вселенските бродови само додека се наоѓаа над територијата на СССР и во секој друг случај беше „слеп“. Затоа беа потребни центри кои ќе ги ловат сигналите на вселенските летала на целата планета Земја. Така се роди советската космичка флота.

Првиот брод на оваа флота беше преправен товарен брод, но од 1967 година па натаму бродовите кои ги следеа вселенските апарати се градени според оригиналниот дизајн.

Бродовите ја имаа најнапредната опрема и најдобрите параболични краткобранови антени кои ги пренесуваа податоците од вселенските бродови до командниот центар во СССР.

Сите тие бродови се наречени во чест на истакнати луѓе од советската космонаутика: „Космонаут Владимир Комаров“, „Космонаут Владислав Волков“, „Академик Сергеј Корољов“ итн.

Главниот брод на поморската космичка флота „Јуриј Гагарин“, спуштен во вода 1971 година, беше најголемиот и најмодерен советски брод за следење на вселенските апарати. Имаше 86 лаборатории и 75 антени. Стабилизаторот на бродот овозможуваше релативно комотни услови за работа дури и за време на најголема морска олуја.

Овие бродови се користеа и за тестирање на морските балистички ракети. Но тоа не беше нивната главна мисија, затоа што советската воена морнарица имаше за тоа специјални бродови како големиот нуклеарен истражувачки броди ССВ-33 или „Урал“ и бродот „Маршал Крилов“.

По распадот на СССР, речиси сите пловила на космичката морнарица завршија на меѓународните гробишта на бродови во индиското пристаниште Алунг.

Последниот брод на космичката морнарица „Космонаут Виктор Пацајев“ е повлечен од употреба во 2001 година и стана експонат во Музејот на светското море во Калининград.

Прочитајте повеќе: Сеништа на минатото: Заборавените гробишта на бродови во Русија

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња