Зoшто Индија не го сака Су-57?

Виталиј В. Кузмин
Индија излезе од проектот FGFA (Fifth Generation Fighter Aircraft), во рамките на кој заедно со Русија работеше на производство на првиот индиски ловец од петта генерација врз база на Су-57. За ова индиската страна, а тоа беа советникот за национална безбедност Аџит Довал и министерот за одбрана Санџајте Митру, ја известија руската страна, пренесуваат медиумите.

Како причина за запирање на единаесетгодишната програма на Военото воздухопловство на Индија се наведуваат непремостливите разидувања во врска со технолошките и финансиските прашања. Меѓутоа, индиската страна остави можност за преиспитување на договорот во иднина и не исклучи купување на готови Су-57 доколку Русија би одговорила на барањата на Индија.

Претставниците на индиската војска сметаат, меѓу другото, дека рускиот ловец на кој се работеше не одговара на барањата во поглед на слабата забележливост на радарите, како и тоа дека авиониката, радарите и сензорите од руско производство не се во склад со стандардите на борбен авион од петта генерација.

Програмата FGFA е почната 2007 година, а главни партнери во нејзината реализација беа „Сухој“ од руска страна и „Хиндустан Аеронаутикс“ од индиска. Страните се договорија за создавање ловец од петта генерација врз база на рускиот Су-57. Во рамките на првата етапа на програмата во вредност од 295 милиони долари беше разработен дизајнот на индискиот ловец, меѓутоа проектот FGFA не напредуваше поради мноштво несогласувања кои се појавија меѓу двете страни.

Русија го разгледуваше партнерството со Индија во создавањето ловец од петта генерација во својство на главен извор на финансирање на сериското производство на Су-57. Како неодамна беше соопштено, Русија ја заврши модернизацијата на застарениот мотор за Су-57.

Погледнете ги сите тајни на ловецот од петта генерација Су-57

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња