Командантот на руската воена авијација со голем домет генерал-полковник Сергеј Кобилаш истакна дека екипажите на руските копнени радари однапред ги известиле екипажите на руските авиони откако регистрирале приближување на странски ловци до руските стратешки бомбардери, пренесува „Взгљад“.
„Дури подоцна дојде до, како што велат пилотите, визуелен контакт“, објасни генерал-полковникот.
Според зборовите на командантот на групата руски бомбардери потполковник Александар Мањагин, пилотите на F-22A се однесувале коректно и не покажале никакви агресивни намери.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче