Снајперист вооружен со пушка СВД кал. 7,62х54 мм R
YouTubeКемеровска област, Руска Федерација
Најдобрите четириесет снајперисти селектирани од единиците во состав на Централниот воени округ (ЦВО), се собраа на специјализирано воено стрелиште каде уште еднаш практично ќе го проверат својот психофизички статус, како и вештините во гаѓање на стандардни, но и нестандардни цели.
Вежбовниот полигон е збогатен со нов елемент кој мораше да се совлада, а тоа е непријателско беспилотно летало. Од вооружување снајперистите имаа пушки со голем калибар, со чија помош имаа задача да ја соборат летачката мета која се наоѓаше на висина од 15 метри.
Исто така, стрелците изведоа и гаѓање на хоризонтални цели кои наизменично се појавуваа на различни далечини и позиции. Снајперистите имаа многу кратко време да ја забележат метата и потоа да ја погодат. Притоа гаѓањето беше често изведувано од неудобни позиции, со многу кратка или речиси никаква подготовка за гаѓање. Вежба е конципирана така да се одвива во отежнати услови и да изобилува со голем број нетипични ситуации кои можат да се појават во борба.
По завршувањето на оваа интензивна проверка, војниците кои ќе постигнат најдобри резултати ќе го претставуваат Централниот воен округ на сеармиското натпреварување „Снајперска граница“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче