Видео: Најдобрите снајперисти на Русија и Белорусија се натпреваруваа во гаѓање

Скриншот

Скриншот

На полигонот на центарот за специјална обука „Витез“ и Росгвардија во Подмосковје се одржа натпреварување за најдобрите снајперисти од специјалните единици на Русија и Белорусија.

Во натпреварувањето учествуваа осум снајперски парови. Видеоснимката од необичното натпреварување е објавена на каналот WarGonzo.

Натпреварувањето во прецизност на гаѓање се одржа во крајно тешки услови. Температурата на воздухот беше -20 степени. Снајперистите мораа да совладаат десет пречки, т.е. позиции врз кои беше отворан оган од автомати „Калашников“ и минофрлачи.

Најтешко беше гаѓањето на таканаречената двојна мета, т.е. имитација на терорист кој се крие зад заложник. Требаше да се погоди целта од оддалеченост од 100 метри за само 10 секунди. На снајперистите тоа им беше сосем доволно да го погодат терористот со два куршума.

За најдобар снајперски пар е прогласена белоруската екипа специјалци „Алфа-Минск“.

Погледнете како најпрецизната на светот руска снајперска пушка „Сумрак“ пробива леден ѕид

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња