Во Таџикистан руски снајпери гаѓаа ореви на 150 метри

Руските снајпери во Таџикистан реализираа необично гаѓање.

Снајперските единици на руската 201 воена база, распоредени во Таџикистан, реализираа неутрализација на малку забележливи цели на полигонот Љаур на падините на Источен Памир. Како цели користеа ореви, соопшти прес-службата на Централниот воен округ.

„Покрај стандардните цели, поставени на растојание од 800 метри, стрелците одработија гаѓање по малогабаритни цели кои се слеваат со пустинско-планинска средина, за што војниците искористија ореви, поставени на растојание од 150 метри“, се вели во соопштението што го пренесува РИА „Новости“.

Според податоците на ЦВО, снајперите исто така одработиле притаено движење на терен со коплексен релјеф и техники на контраснајперска борба.

201 воена база распоредена во Душанбе и Курган-Тјубе е најголемиот руски воен објект надвор од границите на Русија. Според потпишаниот договор во октомври 2012 година, единицата ќе остане во Таџикистан до 2042 година.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња