Возилата се речиси завршени. Остана само монтирањето на лансирните контејнери и бојадисувањето. „Терминатори” имаат нови гасеници произведени во Омскиот завод за транспортна машиноградба. Тоа е единственото претпријатие во Русија кое има единствена, во целост роботизирана монтажна линија за производство на гасеници за сите типови на постојна и напредна оклопна техника.
Гасениците порано се склопуваа рачно. Со воведувањето на новата автоматизирана линија е намалена мануелната работа, зголемен е квалитетот и намалени се трошоците. Сигурноста на гасениците се проверува на уникатна опрема за тестирање. Таа има две позиции и еднакви механизми на левата и десната страна за независно тестирање на едната или двете ленти кои дури можат да бидат и од различен тип и со различни димензии. Контролата на напрегнатоста на гасениците се врши далечински со помош на електронски сензор со автоматско бележење на резултатите и можност за дополнителна контрола на процесот.
На снимката може да се види моќта на овој „заштитник на тенкови“ како во монтажната хала, така и на полигонот.
„Терминатор“ е борбено возило за огнена поддршка на тенкови. Влегува во состав на тенковските единици и се користи за уништување на непријателски противтенковски средства. Возилото е опремено со топови, противтенковски ракетни системи и стрелечко оружје.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче