Скриншот
Движењето на борбената техника и пешадијата е снимано од секој агол, како и од воздух. Пред камерите се најде најразлично оружје. Видеоснимката е толку привлечна што потсетува на сцени од игран филм.
Од прес-службата на Министерството за одбрана на Руската Федерација изјавија дека маневрите се одржани на специјално опремен полигон кој ја симулирал првата линија на фронтот на условниот непријател, но и неговата поблиска тактичка длабочина (и до 20 км) која напаѓачките состави мораа да ја совладаат.
Целите се гаѓани од борбени оклопни возила БМП-2, тенкови Т-72Б3, повеќецевни ракетни фрлачи „Град“, средства за деминирање на терен УР-77, хеликоптери Ми-8АМТШ „Терминатор“ и беспилотни летала „Орлан-10“.
Учествуваа преку 3 илјади војници и повеќе од 600 единици борбена техника.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче