Во маневрите учествуваа околу 700 лесни и тешки борбени возила и 13000 војници.
Сергеј Аверин/RIA NovostiОколу 700 возила лесна и тешка оклопна техника и 13000 војници од Русија и Белорусија ги демонстрираа своите можности на специјалните полигони на овие две земји. Маневрите ја покажаа подготвеноста на Русија и Белорусија за борба против евентуални терористички акции.
Вежбани се различни сценарија. Некои од нив дури личат и на сцени од холивудските акциони филмови. Тестирана е нова воена техника, а некои воени машини никогаш претходно не беа видени во акција.
Еве ги тие новитети.
Повеќецевниот ракетен фрлач „Полонез“
Системот за плотунски оган „Полонез“ на осмата меѓународна изложба на оружје и воена техника „MILEX 2017“ во Минск.
Виктор Толочко/RIA NovostiНовиот руско-белоруски систем доаѓа како замена за советските артилериски системи „Ураган“ калибар 220 мм и „Смерч“ калибар 300 мм, кои сега ги користи белоруската армија.
Системот „Полонез“ има два лансера за ракети калибар 300 мм кои уништуваат цели во радиус од 200 км. Секоја ракета е тешка околу 750 кг и според зборовите на професорот на Академијата на воени науки Вадим Козјулин содржи три различни боеви глави.
„Тоа се системи со GPS навигација и двојно поголем дострел од системот „Смерч“. Сѐ уште, меѓутоа, не е познато дали овие ракети имаат иста разорна моќ како и претходните системи. Можно е дострелот на новите системи да е зголемен за сметка на нивната разорна моќ“, истакнува експертот.
Оружјето е првпат покажано во 2015 година, а оваа година јавноста можеше да види колку е разорно.
Борбено возило за поддршка на тенкови „Терминатор 2“
Тешкото оклопно борбено возило за поддршка на тенкови „Терминатор 2“ на воената вежба „Запад 2017“ која заеднички ја изведоа вооружените сили на Русија и Белорусија.
Антон Новодерјожкин /TASS„Терминатор 2“ спаѓа меѓу новитетите кои се очекувани со најголемо нетрпение. Наменет е за пружање поддршка на тенковите Т-14 „Армата“ и оваа година веќе ги воодушеви посетителите на воениот саем „Армија 2017“ во Московската област (22-27 август), а сега е демонстрирано колку може да биде убиствен со тенковите Т-72Б3, Т-80 и Т-90.
„Терминатор“ е направен специјално за улични борби на мал простор. Носи 4 ракетни лансери 9М120 „Атака“, два автоматски топа 2А42 калибар 30 мм, два фрлачи на гранати АГ-17Д и еден двоцевен митралез калибар 7,62 мм.
Како што Russian Beyond Македонија веќе пишуваше, ова е оружје кое непријателот не може да го игнорира, но тоа има и свои недостатоци. Во прашање е модернизираната верзија на стариот модел „Терминатор 1“ која е поевтина, но има помала огнена моќ. Новиот модел нема оклопни плочи, а наместо шасија од тенкот Т-90 (користена во претходниот модел) има шасија од тенкот Т-72. Го нема ни целото оружје кое имаше претходниот модел. На пример, ги нема автоматските фрлачи на гранати АГС-17.
„По неколку месеци Министерството за одбрана ќе соопшти колку од овие помошни борбени возила ѝ се потребни на руската армија. Тоа ќе биде објавено во рамките на новата воена програма за периодот 2018-2025“, додава Козјулин.
„Кајман“, оклопно возило за набљудување и патролирање
Оклопниот транспортер на осмата меѓународна изложба на вооружување и воена техника „MILEX 2017“.
Виктор Драчов/TASS„Кајман“ е исто така новитет во белоруската армија. Можеби ова оклопно возило за набљудување и патролирање не е најстрашната воена машина на сите времиња, но сепак заслужува внимание.
Возилото е наменето за извидувачки и диверзантски операции, како и за патролирање во урбана средина. Може да носи шест наоружани војници и да помине 1000 км со еден резервоар. Совладува водени пречки и „плови“ 8 км/час.
На „Кајман“ може да се монтира фрлач на гранати. Корпусот на транспортерот „Кајман“ одговара на 5 класа оклопна заштита, која е непробојна за панцирно-запаллив куршум со калибар7,62 мм.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче