Како што пишува порталот „Марин Тајмс“, командата веќе барала за вежби борбен хеликоптер Ми-24 или транспортен хеликоптер Ми-17. „Хеликоптерот во напад, благодарение на својата големина, типот на летот, огнената моќ и одбранбените маневарски можности претставува специфична закана која создава реалистична, разновидна и сигурна противничка сила”, објави порталот.
Руските хеликоптери ќе симулираат извидување, како и напад врз копнени цели. Претставниците на американската војска објаснуваат дека тоа се прави за да можат војниците да се запознаат со карактеристиките на летот, можностите и ограничувањата на борбените летала на непријателот. Предвидено е секој хеликоптер да изведе околу 40 часови летање.
Ми-24 е советски офанзивен хеликоптер кој е проектиран во Експериментално-конструкторското биро „Михаил Мил”. Неофицијалното име му е „Крокодил”. Произведени се преку 3,5 илјади хеликоптери од овој тип.
Ми-17 е последната модернизирана верзија на хеликоптерот Ми-8. Исто така е проектиран во бирото „Михаил Мил”. Се користи во повеќе од 20 земји во светот. Произведени се преку 3,5 илјади летала од овој тип.