Су-30СМ со две противбродски ракети „Уран“ ја уништи ислужената фрегата во Медитеранот

Сергеj Пивоваров/Sputnik
Руските повеќенаменски авиони Су-30СМ изведоа практична демонстрација на потопување на еден ислужен сириски воен брод – депласман на фрегата, која се наоѓаше во сириските територијални води. Во таа пригода употребени се две противбродски ракети 3М24/Х-35 „Уран“ од класата воздух-море кои со голем степен на прецизност во целост го разнесоа „несреќниот“ брод.

Во саботата на 14 април 2018 година коалицијата собрана околу САД изведе ракетен напад врз копнените цели на Сириската Арапска Република. Нападот е изведен во раните утрински часови кога сѐ уште немаше дневна светлина. Ракетите покрај објектите во кои наводно се наоѓаат погони за производство и за скалдирање хемиско оружје, нападнаа и сириски одбранбени капацитети, како што се воени аеродроми и најважните јазли за врска. Сириската ПВО беше подготвена и го дочека овој напад, при што беа соборени речиси 70% од воздушните објекти, во овој случај крстосувачки ракети. За таа цел најмногу беа употребени ракетни системи на противвоздушната одбрана со краток и со среден дострел кои се наоѓаат во составот на сириската армија.

Пред овој напад се знаеше дека руската војска ќе реагира доколку бидат загрозени позициите на кои се наоѓаат нејзините војници, како и цивилниот персонал. Ова експлицитно го најави и генералот на руската војска Валериј Герасимов, кој во таа пригода истакна дека во тој случај ќе бидат гаѓани и борбените платформи од кои ќе биде извршен нападот. Во духот на оваа изјава, неколку дена пред ракетните напади, на небото над Сирија беа забележани руските повеќенаменски ловци-бомбардер Су-34 и Су-30СМ кои ноеса противбродски ракети. Сириската ПВО ги собори практично сите ракети кои летаа во близина на нивните воздухопловни бази, додека нивните патеки во широк лак ги заобиколуваа пунктовите на кои се наоѓаа руските војници. Користејќи го распоредот на своите војници кои се наоѓаат практично на целата територија на Сирија, на крстосувачките ракети драматично им беше намален воздушниот простор за маневрирање со што тие ги преоптоварија „слободните“ воздушни коридори и станаа релативно лесен плен за сириската ПВО (само Бук и Панцир соборија речиси 50 најсовремени крстосувачки ракети со што на руските системи повечекратно им се зголеми оценката).

Следниот ден, на 15 април повеќенаменските борбени авиони Су-30СМ изведоа практична демонстрација на потопување на еден ислужен сириски воен брод – депласман на фрегата, која се наоѓаше во сириските територијални води. Во таа пригода употребени се две противбродски ракети 3М24/Х-35 „Уран“ од класата воздух-море кои со голем степен на прецизност во целост го разнесоа „несреќниот“ брод.

Повеќенаменскиот борбен авион Су-30СМ е приспособен да носи и суперсонични противбродски ракети од класата воздух-море Х-31 М (НАТО кодификација-Crypton). Овие ракети имаат дострел и до 160 километри, а нивната крстосувачка брзина е поголема од 2.5 маха.

Ракетата Х-31 е опремена со боева глава со тежина од околу 100 килограми високобризантен експлозив, што претставува навистина голема опасност за сите површински бродови со депласман до 5.000 тони. Двете ракети се многу отпорни на системите за противелектронска борба.

*Ракетата има дострел и до 260 километри, а може да уништи пловила со депласман и до 5.000 тони. Се наведува со помош на активната глава за самонаведување.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња