Ловецот од петтата генерација Су-57 (Т-50) допрва почнува да лета. Девет вакви машини поминуваат разни тестирања и следната година треба да влезат на вооружување во Воздушно-космичките сили (ВКС) на Русија.
Во исто време во Русија активно се работи на машината од следната, 6 генерација, изјави заменик-генералниот директор на концернот „Радиоелектронски технологии“ („Радиоэлектронные технологии“ - КРЭТ) Владимир Михеев во интервју за рускиот телевизиски канал „Звезда“ за време на авиосалонот Макс-2017 кој заврши неодамна. Според зборовите на Михеев првиот примерок на авионот на иднината може да се појави до 2030 година.
Михеев не навлегуваше во детали околу идниот ловец - тој откри само дека машината ќе биде создадена од композитни материјали кои ја гарантираат технологијата „Стелт“. Авионот ќе има мотори кои ќе можат да вршат крајцерски суперсоничен или дури хиперсоничен лет.
Најглавното според него, сепак, е што авионот на иднината ќе добие нова суперинтелигентна авионика која ќе овозможи ловците од новата генерација да се вивнат во небото на височини кои се недостижни за сегашните авиони.
Како што вели за „Руска реч на македонски“ заменик-генералниот директор за научно-истражувачки и нагледно-конструкторски активности за авионика на концернот за радиоелектронски технологии (КРЕТ) Гиви Џанџга, авионите на иднината ќе можат не само да извршат голем број задачи, премногу високи за денешните авиони, - да летаат со хиперсоонични брзини, да работат целосно самостојно без учество на пилотот и др. Тие ќе се користат и како средства за радиоелектронска војна (РЕБ) не само како оружје, но и како „моќен оклоп“ кој ги открива целите со помош на своите локатори и насочува кон нив ракети со прецизни бомби.
Летачката армада на иднината треба да работи и како јато - да ги координира активностите во група без контрола од страна на човекот, да разменува разузнавачки и борбени информации, а исто така и да комуницира со копнените, па дури и со вселенските сили.
Според зборовите на Џанџга ова се нарекува мрежноцентрично војување и се смета како една од главните карактеристики на ловци од 6 генерација.
„Од гледна точка на експертите по електроника современите летала достигнаа ниво, при што веќе е невозможно да се зголемуваат за неколку пати нивните можности. Модификациите на Су-27, Су-30 и Миг-35 заедно со нивните мотори даваат само 30% од супериорноста над нивните претходници по брзина, маневрирање и друго, а создавањето на нов „мозок“ на авиониката ја зголемува ефикасноста неколку пати“, истакна Џанџга.
Според него единствената машина која може да го покаже тоа практично, е ловецот Су-57 (Т-50). Во неговата конструкција за прв пат е употребен радар со активна фазна решетка (Афар).
Новиот локатор може да го скенира просторот, преместувајќи го за дел од секундата прегледот на 200° од ловецот. При тоа тој може да избира цели, да го насочува кон нив оружјето, да работи како средство за радиоелектронско спротивставување, а исто така и да создава електронска „невидлива наметка“ околу ловците.
Според зборовите на експертот токму Афар денес овозможува да биде остварена идејата за централизирано мрежно водење на борбени дејствија, каде ловецот станува команден пункт за копнените војски, противавионски системи, а исто така и на групата ловци.
Покрај сето ова ловецот од 6 генерација ќе може да им ги „запали“ очите на непријателските проектили, прогнозираат од КРЕТ.
Овие задачи, пак, ќе ги решава радарот со активна фазна решетка.
Антената на комплексот, како што вели за „Руска реч на македонски“ Џанџга, е во можност да пренесува сигнал на средствата за радиоелектронско потиснување. Познато е дека антената на Су-57 (Т-50) во практика опфаќа 200° околу ловците, може да се претпостави дека овој зрак може да удри во насока на летот на авионот, од страничната површина или од работ на крилјата.
Односно, како во фантастичен филмот, машината ќе биде обвиена од сфера од електронска обвивка која не само што ја прави невидлива за противникот, ами и самата таа претставува оружје што ги „исклучува“ борбените комплекси на противникот.
Покрај електронско оружје, ловецот од 6 генерација ќе има и традиционално.
Според зборовите на Михеев тоа ќе бидат хиперсонични ракети со огромен дострел, кои се во состојба да поразуваат воздушни, копнени и морски цели.
Кај нив ќе се користи принципот на „слободниот лов и колективната одговорност“. Тоа значи дека групата од нови ракети со вештачка интелигенција самостојно ги избираат главните и споредните цели, ги дистрибуираат внатрешно и ги уништува, водени од нивната важност.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче