За руските носачи на авиони се прават ловци-бомбардери со вертикално полетување

Ловец со вертикално полетување Јак-141 снимен како лебди во воздух на изложбата на авиони во Фарнборо 1992 година.

Ловец со вертикално полетување Јак-141 снимен како лебди во воздух на изложбата на авиони во Фарнборо 1992 година.

Ken Videan/wikipedia.org
Во Русија се планира производство на ловци-бомбардери со вертикално полетување за носачи на авиони.

Овие и други перспективни летала ќе ја заменат современата палубна авијација, соопшти заменик-министерот за одбрана на РФ Јуриј Борисов, а пренесува порталот rg.ru.

Сега рускиот тежок крстосувач и носач на авиони „Адмирал Кузнецов“ носи ловци-бомбардери МиГ-29 и Су-33.

„Тие ќе застарат и за 10 години секако ќе бидат потребни нови летала. Такви планови веќе има. Се планираат летала со скратено, а исто така и со вертикално полетување и слетување“, го цитира Јуриј Борисов агенцијата „РИА Новости“.

Во овој момент руската армија нема авиони со вертикално полетување, макар што такви проекти постоеја уште од 1960 година. Со тоа се занимаваше Конструкторското биро „Јаковлев“, а последниот модел презентиран на јавноста беше Јак-141. Тестирањето на носачот на авиони „Адмирал Кузнецов“ почна 1991 година, но не сите пробни летови беа успешни. Година дена подоцна оваа програма е запрена поради недостиг на финансиски средства.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња