За настан од стратешко значење се смета Асадовото предавање на Русија на најновиот модел на американската крстосувачка ракета „Томахавк“ (RGM-109E Tomahawk Block IV), и тактичката крстосувачка стелт-ракета AGM-158A/B JASSM-ER. Според мислењето на авторот на изданието Popular Mechanics, ракетите ги очекува судбина „полоша од смртта“, затоа што Москва наскоро ќе знае како да го уништува оружјето на противникот.
„Постојат делови на современата ракета кои паметен непријател може да ги искористи за свои цели“, пишува наведеното издание. Првиот чекор во „долгата смрт“ на „Томахавкот“ ќе биде проучувањето на инерцискиот навигациски систем. Истражувањето може да потрае со години, но еднаш сигурно ќе заврши со „смрт на ракетата“, смета редакцијата на Popular Mechanics.
Началникот на Главната оперативна команда на Генералштабот на руската армија генерал-полковник Сергеј Рудској, нагласи дека во Москва се пренесени пресретнати крстосувачки ракети од типот на „Томахавк“ (Tomahawk) и СКАЛП ЕГ (SCALP EG).
Се претпоставува дека овие ракети стигнале во Русија практично цели (оплата + погонски блок), со сите витални електронски компоненти кои служат за нивно управување и наведување. Во моментов овие ракети се наоѓаат на „операциона маса“, а нивна детална „аутопсија“ врши мултидисциплинарен тим составен од најпрестижните руски научници.