Руските научници започнаа детална „аутопсија“ на крстосувачките ракети „Томахавк“ и СКАЛП

Слободан Ѓукиќ
Се претпоставува дека овие ракети стигнале во Русија практично цели (оплата + погонски блок), со сите витални електронски компоненти кои служат за нивно управување и наведување. Во моментов овие ракети се наоѓаат на „операциона маса“, а нивна детална „аутопсија“ врши мултидисциплинарен тим составен од најпрестижните руски научници. Конечните резултати ќе бидат имплементирани во новите стандарди за модернизација и изработка на руските системи за ПВО.

Началникот на Главната оперативна команда на Генералштабот на руската армија, генерал-полковник Сергеј Рудској, нагласи дека во Москва се префрлени пресретнатите крстосувачки ракети од типот на „Томахавк“ (Tomahawk) и СКАЛП ЕГ (SCALP EG).

Се претпоставува дека овие ракети стигнале во Русија практично цели (оплата + погонски блок), со сите витални електронски компоненти кои служат за нивно управување и наведување. Во моментов овие ракети се наоѓаат на „операциона маса“, а нивна детална „аутопсија“ врши мултидисциплинарен тим  составен од најпрестижните руски научници. Конечните резултати ќе бидат имплементирани во новите стандарди за модернизација и изработка на руските системи за ПВО.

Посебен интерес претставува крстосувачката ракета СКАЛП ЕГ или „Сторм Шедоу“ (Storm Shadow), која е заеднички проект на француската и англиската воена индустрија. Оваа ракета е од понов датум, за разлика од американската крстосувачка ракета „Томахавк“, за која веќе постои доволен број информации (кај оваа ракета особено интересни се нејзините најнови модификации). СКАЛП ЕГ ја имаше својата прва борбена мисија 2003 година во Ирак.

Неименувани извори веќе почнаа да изнесуваат податоци за овие ракети, кои главно се од рамковна природа. Што се однесува конкретно до крстосувачката ракета СКАЛП ЕГ, руските научници научници утврдија дека има тежина од 1300 килограми, додека нејзината работна носивост е до 450 кг (се мисли на боевата глава). Вкупната должина на ракетата изнесува 5100 мм, а максималниот распон на крилата е 2840 мм. Нејзиниот оперативен дострел изнесува најмалку 250 км, а при својот лет ракетата се движи на висина од 30-40 метри над тлото/водна површина.

Особено големо внимание кај руските научници има софистицираниот блок на апаратурата која го претставува автономниот инерцијален навигациски систем на ракетата. Овој комплекс се состои од интегриран компјутер кој управува со комплетната сензорика што се наоѓа во ракетата, а која е задолжена за нејзино управување до целта, мапирањето на теренот + GPS, со инфрацрвено зафаќање на целта во завршницата на траекторијата.

На 25 април Министерството за одбрана на Русија одржа конференција за новинарите на која беа прикажани делови од соборените крстосувачки ракети со кои на 14 април беше ракетирана Сирија. Огромно мнозинство од овие ракети беше соборено од страна на сириската ПВО, а од вкупно 105 лансирани ракети, до целта долетаа 22. На приказот може да се видат фрагменти од крстосувачки ракети „Томахавк“ и СКАЛП кои учествуваа во нападот.  

Прочитајте повеќе: Руското Министерство за одбрана прикажа фрагменти од соборените ракети во Сирија

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња