Најубојните крстосувачки ракети на светот во една видео-снимка

Макета на противбродската ракета 3М-54Э1

Макета на противбродската ракета 3М-54Э1

Allocer/Wikipedia.org
Видео-блогерот Дмитриј Завјалов направи листа на десетте најдобри крстосувачки ракети на светот и видео-снимка во која се прикажани сите.

На интернет се појави видео-снимка на десетте најдобри крстосувачки ракети на светот, пишува порталот rg.ru.

Видео-блогерот Дмитриј Завјалов, автор на видео-снимката, не наведува јасни критериуми врз основа на кои ги распореди ракетите меѓу десетте најубојни и го направи нивниот редослед, така што одделни негови тврдења можат да бидат доведени во прашање. Покрај тоа, многу од ракетите од листата не се применувани во вистински воени услови, што исто така ја отежнува нивната споредба. Поради тоа листата, судејќи според сѐ, е направена според „фабричките“ карактеристики, т.е според дострелот, масата на борбениот дел, брзината итн.

Застапени се ракети од седум земји. На пример, 10 место ѝ припадна на шведската ракета RBS-15 Mk3. Таа може да се лансира само од брод, има дострел 200 км, развива брзина на крстосување од 0,8 маха, а борбени дел ѝ тежи 200 кг. На осмото место е турската крстосувачка ракета со голем дострел SOM. Може да се лансира од воздух, копно и море, дострелот ѝ е 200 км, масата на борбениот дел ѝ изнесува 230 кг, а брзината на крстосување е 0,9 маха.

Меѓу десетте најубојни се две американски ракети, француската Storm Shadow / SCALP Naval, кинеската YingJi-18 („Орјол-18”, модификација на рускиот систем Club), заедничкиот руско-индиски проект Brahmos и три руски ракети – П-800 „Оникс”, 3М-54 „Калибар” и стратешката крстосувачка ракета Х-101.

Треба да се истакне дека последниве две ракети се активно користени во акции на Военото воздухопловство и Воената морнарица на Русија против терористите во Сирија, каде ја докажаа својата ефикасност во борба и со право ги зазедоа првите места на листата.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња