Русија направи нова авионска крстосувачка ракета

„Новата авионска крстосувачка ракета Х-50 може да биде сместена во внатрешноста на бомбардерите Ту-22М3, Ту-95МС и Ту-160“. (На фотографијата – суперсоничен стратешки бомбардер Ту-160).

„Новата авионска крстосувачка ракета Х-50 може да биде сместена во внатрешноста на бомбардерите Ту-22М3, Ту-95МС и Ту-160“. (На фотографијата – суперсоничен стратешки бомбардер Ту-160).

Сергеј Кривчиков/Global Look Press
Се појави вест дека во рамките на државната програма за вооружување за периодот 2018-2027 се подготвува производство на најновата оперативно-тактичка крстосувачка авионска ракета со ознаката Х-50.

Веста ја соопшти полскиот новинар Петар Бутовски, кој е добро познат во круговите поврзани со воената индустрија. Со оглед на неговата репутација, може да се претпостави дека оваа вест е точна, пренесува порталота rg.ru, официјалното гласило на владата на Руската Федерација. Впрочем, и не станува збор за некоја голема тајна. Имено, уште на аеромитингот „МАКС 2017“ и военотехничкиот форум „Армија 2017“ оваа година се зборуваше дека е направена ракетата Х-50 и дека нејзиното тестирање е практично завршено. Петар Бутовски само ги воопшти податоците што ги поседува и прв ги објави.

Ракетата ја конструираа стручњаците на Државното машинско-конструкторско биро „Радуга“. Таа може да биде сместена во внатрешноста на бомбардерите Ту-22М3, Ту-95МС и Ту-160 на специјални држачи во форма на обрач. Исто така може да се стави и на надворешни држачи. Ракетата е тешка околу 1,5 тони.

Се наведува дека Х-50 има домет преку 1500 км и дека во интервали развива брзина од 700-950 км/час. Има „искршен“ и по малку сплескан облик што ја намалува можноста за нејзино откривање со помош на радар, а истовремено ракетите полесно се пакуваат во внатрешноста на бомбардерот.

Покрај тоа, Х-50 има и сопствен систем за заштита во вид на станица за создавање радиоелектронски пречки, како и специјални уреди кои ги влече со себе и така на непријателските радари создава лажни цели. Тоа значи дека ќе биде речиси невозможно да се открие и собори најновата руската крстосувачка ракета.

Новата ракета има комбинирано наведување. Користи инерцијален навигациски систем со корекција со помош на сателитскиот систем ГЛОНАСС. Во финалната делница се вклучува електронскооптичката станица за прецизно наведување, што ѝ овозможува на ракетата дури и на растојание од 1500 километри да ја погоди целната точка.

Х-50 е наменета за уништување на утврдени и добро заштитени копнени објекти и одлично ги надополнува ракетите од типот на  „Калибар“.

Покрај вестите за ракетата Х-50, Петар Бутовски исто така соопшти дека корпорацијата „Тактическое ракетное вооружение“ продолжува со успешната работа на создавањето оперативно-тактичка хиперсонична наведуваа противбродска ракета. Таа ќе развива брзина шест пати поголема од брзината на звукот и ќе има дострел од 1500 километри.  

Државната програма за вооружување за 2018-2027 навистина предвидува работа на создавање хиперсонични ракети со различен дострел и сила.

Какви ќе бидат идните крстосувачки ракети?

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња