Противвоздушните системи „С-400“, „Тор“ и „Бук“ на авиосалон во Турција

Виталиј В. Кузмин
Концернот „Алмаз Антеј“ во рамките на оптимизираната поставка ги уважува регионалните барања.

Концернот „Алмаз Антеј“ ќе ги претстави своите производи и технички услуги на Првиот меѓународен воздухопловен салон Eurasia Airshow – 2018 што ќе се одржи од 25 до 29 април во турскиот град Анталија. На изложбата ќе бидат прикажани, меѓу другото, модели н системите за ПВО-ПРО С-400 „Триумф“, „Бук-М2Э“, како и борбените машини на системот „Тор“, соопшти службата за односи со јавноста на ова претпријатие.

На изложбената платформа на концернот ќе биде понудена информација за производството за воена намена која е актуелна за Евроазискиот регион. Ќе бидат претставени модели на противвоздушните ракетни системи С-400 „Триумф“, зенитните ракетни системи Бук- М2Э, борбените машини  ЗРК „Тор-М2Э“ и „Тор-М2КМ“, како и стационарните автономни борбени модули 9А331МК-1 од составот на „Тор-М2КМ“, велат од службата за односи со јавноста.

Во формат на видеоснимки и плакати посетителите на штандот ќе бидат информирани за противвоздушните ракетни системи со голем дострел С-400 „Триумф“ и С-300ВМ „Антеј-2500“, ПВО системите со среден и краток дострел „Бук-М2Э“, „Тор-М2Э“, „Тор-М2К“ и „Тор-М2КМ“, како и за можностите на концернот во модернизацијата и ремонтот на техниката.

Концернот „Амлаз Антеј“ имајќи позитивно искуство во соработката со турската страна ќе претстави на изложбата оптимизирана поставка имајќи го предвид својот научнопроизводствен правец, но и регионалните барања, изјави заменик-генералниот директор за надворешнотрговски односи предузећа Вјачеслав Дзиркалин.

Според него, во текот на средбите и преговорите во рамките на изложбата ќе бидат разгледани техничкото сервисирање, прегледот, ремонтот, модернизацијата и рециклажата на средствата за ПВО, како и обуката на стручњаците на нарачателот.

Како што од службата за односи со јавноста напоменуваат, концернот има права на надворешнотрговска дејност во оглед на сервисирањето на производи за воена намена по нивната продажба, испорака на резервни делови и компоненти, продолжување на роковите за употреба, ремонт, модернизација и рециклажа, како и за обука на странски стручњаци за вршење на тие работи.

Прочитајте повеќе: Дали Русија ги открива тајните на НАТО со продажбата на системите С-400 на Турција?

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња