„Договорот е потпишан и се наоѓа во фаза на реализација. Турската страна константно изразуваше желба да се забрза неговото исполнување, па ние ја најдовме оптималната варијанта и излеговме во пресрет да ја забрзаме реализацијата на договорот. Почетокот на реализацијата на договорот (испораката) ќе биде почетокот на 2020 година“, изјави Кожин“, пренесуваат медиумите.
Првиот човек на „Ростех“ Сергеј Чемезов претходно изјави дека Турција купува четири дивизиони С-400, а вредноста на договорот изнесува 2,5 милијарди долари. Првите испораки беа планирани за почетокот на март. Меѓутоа, во ноември минатата година, соопштија медиумите повикувајќи се на министерот за одбрана на Турција Нуретин Џаникли дека Русија ќе ѝ го испорача на Турција првиот ПВО-ПРО систем С-400 во 2019 година.
Чемезов исто така изјави дека Русија ќе ѝ обезбеди на Турција кредит кој е покрие половина од вредноста на договорот за испорака на С-400. Како што истакна тој, „руското и турското министерство за финансии ги завршија преговорите, остана само да се потврдат завршните документи“ и додаде дека 45% од вкупниот износ се плаќа во вид на депозит, а остатокот од 55% го сочинуваат руски кредитни средства.
Дека рускиот кредит не го покрива целиот договор зборуваше и Кожин во декември минатата година, а кон крајот на септември изјави дека Турција го уплатила депозитот во рамките на потпишаниот договор.
Како што потсетуваат медиумите, министерот за надворешни работи на Турција претходно изјави дека Анкара одлучила да го купи системот С-400 од Русија откако властите на таа земја се сомневале во испораките на слично оружје од САД. „С-400 ни беа потребни без одлагање, бидејќи немавме системи за ПВО. Меѓутоа, имавме проблеми дури и со купувањето на најобично оружје од САД поради сомнежите во Конгресот. Моравме да купиме од некого“, изјави тој.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче