„Булдожерот грдосија“ и новиот Т-72АВ ги газат позициите на терористите во Јармук

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Во чистењето на логорот на палестинските бегалци Јармук во Дамаск сириската владина војска ги користеше новите руски тенкови Т-72АВ и голем оклопен булдожер. На интернет се појавија фотографии од оваа нова техника.

Воените експерти обратија внимание на одличната состојба на тенкот Т-72 и сите велат дека или е до неодамна чуван во резерва или дури сега е доведен до толку одлична состојба во некоја од фабриките за ремонт на оклопни возила.

Сиријците научија да прават чуда од старата воена техника: пешадиските возила, самоодните хаубици и тенковите. Во војската се враќаат и оштетени оклопни ветерани како што се Т-55 и Т-62, па и посовремениот Т-72. 

Продолжува и работата над офанзивната инженерска техника. Така настана и овој оклопен булдожер на гасеници. Грдосијата го чисти патот за војската, ги руши утврдувањата на терористите, а активно е користен и во неодамнешната офанзива на сириската владина војска во Источна Гута.

Прочитајте повеќе: Сириско искуство: Инженериските единици ја добија првата серија оклопни булдожери Б-12