Новиот „Камаз“ догодина влегува во сериско производство

kamaz.ru
Рускиот производител на автомобили најави нов модел на камион со 12-литарски мотор од сопствено производство и со нова кабина.

Првиот пробен примерок на новиот мотор ќе биде претставен до крајот на оваа година, додека сериското производство на камионот со 12-литарски мотор ќе почне кон крајот на следната. Новиот модел ќе се произведува во градот Набережни Челни.

Возилата ќе се склопуваат во заедничкото претпријатие „Дајмлер КАМАЗ Рус“ кое годишно може да произведе 30 илјади мотори. Во првата серија на пазарот ќе бидат пласирани 5000 примероци од новиот „Камаз“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња