Се појави видеоснимка со новиот „билдер“ на КамАЗ

kamaz.ru
Очевидци го снимија новиот камион КамАз-54901 и снимката ја објавија на интернет.

Концептот на новото товарно возило на КамАЗ беше претставен на јавноста есента на изложбата „Комтранс“. Стручњаците тогаш забележаа дека кабината на новитетот е всушност позајмена од камионот Mercedes-Benz Actros. Интересно е што запремнината на кабината на возачот е 9 метри кубни, што значително ги надминува показателите на актуелната генерација на КамАЗ.

Стручњаците сметаат дека рамката и оските на камионот КамАз-54901 исто така ќе бидат преземени од германскиот тежок камион, додека роботизираниот менувач нема да има алтернатива. Новиот камион ќе има 12-литарски дизел мотор со 380-550 коњски сили развиен во КамАЗ.

Како што се очекува, првата пробна партија на КамАЗ-54901 треба да биде склопена до крајот на оваа година, додека новиот шлепер ќе влезе во сериско производство наредната година.

На „Елегантниот билдер“, како што е наречен КамАЗ-54901, како главни достигнувања на новото товарно возила се истакнати подобрената ергономија, современите агрегати и футуристичкиот дизајн.

Прочитајте повеќе: Како изгледа новиот КамАЗ?

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња