Нов изглед на воениот КАМАЗ

Тактички заштитените возила од новата генерација од серијата „Тајфун“ се наменети за извршување борбени задачи, како и за обезбедување: превезување луѓе и товар. Многу карактеристики на овие возила се држат во тајност. Фотографија: Виталиј Кузмин.

Тактички заштитените возила од новата генерација од серијата „Тајфун“ се наменети за извршување борбени задачи, како и за обезбедување: превезување луѓе и товар. Многу карактеристики на овие возила се држат во тајност. Фотографија: Виталиј Кузмин.

Министерство за одбрана полага надеж во високите тактичко-технички карактеристики на перспективните модели на КАМАЗ.

Голем дел од возниот парк на Вооружените сили на Русија се составени од автомобили од марката КАМАЗ. Вакви возила во руската армија има повеќе од 50 илјади. На шасијата на домашниот автомобилски гигант можат да се монтираат повеќе од 350 вида вооружување и воена техника. Денес АД „КАМАЗ“ им нуди на единиците низа суштински нови моторни возила кои се одликуваат со подобри тактичко-технички карактеристики. 

Воената кариера на возилата КАМАЗ започна во Авганистан каде поголемиот дел од нив учествуваше во превоз на товар. Третина од возилата „Урал-375“, ЗИЛ-131, ГАЗ-66 што во тој момент беа користени имаа бензински мотори со висока потрошувачка на гориво, а покрај тоа не беа сигурни во високите планински предели. Во градот Набережни Челни во 1976 година започнаа да се произведуваат камините КАМАЗ-5320 (6х4) и практично веднаш беше донесена одлука овие возила да се испратат во конфликтна зона.

КАМАЗ-43101. Извор: Milhouse35.

Еден од недостатоците на ова возило, како и кај сите останати што беа во военото вооружување, се огледаше во ниската сила за совладување планински и останати тешки делници. Конструкторите го решија овој проблем на тој начин што во 1981 година направија модел со погон на сите шест тркала (AWD) КАМАЗ-4310 (6х6) со капацитет од шест тони. 

Но, останува да се реши главната задача – заштита на возачот и на патниците. 


Оклоп за луѓе 

Првото возило на КАМАЗ со надворешна експериментална оклопна заштита беше КАМАЗ-4350. Серијата ја доби ознаката Мустанг. Тоа се КАМАЗ-4350, КАМАЗ-5350 и КАМАЗ-6350 со своите формули 4х4, 6х6 и 8х8. Прототипите беа направени на почетокот на деведесеттите години од минатиот век, а пилот-партијата беше пуштена во 1995 година. Возилата имаа 10-степен менувач, модернизирано квачило, зајакната разводна кутија, карданско вратило и други делови. Шасијата е доработена за монтирање на фитинг, за да можат да се прицврсти каросерија од контејнерски тип кој може да се менува. Проодноста е значително зголемена благодарение на примената на блокада на диференцијалот и на новите гуми од широк профил.

КАМАЗ-6350 „Мустанг“. Фотографија: Виталиј Кузмин.

 

Во јануари 1999 година овие КАМАЗи беа прогласени за приоритет на автомобилската техника на единиците на министерството за одбрана и на министерството за вонредни состојби на Русија, а се препорачани за сериско производство и од страна на меѓуресорската комисија. Во 2003 година автомобилите го добија новиот мотор со Евро-2 стандард, а истата година во единиците пристигна и првата партија од седум комплети возила. 

Мустанг е првата серија на која беше монтирана кабина со скриен оклоп со степен на заштита од класата 3 или 5а. Освен тоа, во 2005 година започна да се произведува КАМАЗ 5350 со комплет дополнителна заштита (КДЗ). Возилото е наменето за превоз на луѓе со обезбедена заштита од класата 5 од средства за уништување. Исто така е опремен со комплет за дополнителна заштита кој минал низ практична проверка и го издржал тестот за отпорност на пробој на куршум и на проектил со фугасно-распрскувачко дејство. КДЗ вклучува екран за сигурна заштита од лесни куршуми со челично јадро (ЛПС) и од конвенционални куршуми (ПС) со ТУС (зрно со термички обработено јадро) со калибар од 7.62 милиметри. Освен тоа реализирана е и заштита на акумулаторот, на резервоарот за гориво, на агрегатот и на склопот на моторот од фугасно дејство и од гелер на рачни гранати од типот Ф-1, како и од експлозивни направи под подот на возилото. 

Исто така врз база на КАМАЗ-4350 направени се специјални оклопи (по класата 6) КАМАЗ-43269 „Выстрел“ („Истрел“), предвиден за превоз на десет војници.

КАМАЗ-43269 „Вистрел“. Фотографија: Виталиј Кузмин.

Следната етапа во развојот на воените возила КАМАЗ се поврзува со новото семејство возила со зголемен капацитет. Овие функционални шасии се наменети за монтирање на вооружување, за воени и за специјални техники со тежина од 15 до 24 тони, како и за влечење на приклучни артилериски системи, на специјални или на транспортни приколки и полуприколки со тежина до 85 тони.

 

Перспективни возила 

Вооружениот конфликт од август 2008 година молчаливо стана почетна точка за старт на работата во пронаоѓањето технички форми и во осмислувањето на суштински поинаков пристап во изработката на воена автомобилска техника од новата генерација. 

Барањата за новата генерација возила се следниве: мобилноста мора да биде обезбедена со максимална брзина од 100 до 105 километри на час, просечната брзина на движење по кал и по неасфалтирани патишта треба да биде 40 до 45 километри на час, времетраењето на возењето без дополнување гориво да биде 1.000 до 1.200 километри. Високата проодност е обезбедена врз основа на клиренс од 400 до 550 милиметри, аглите на проодност е од 40 до 45 степени, имаат гума со шара со голема длабочина и систем за регулирање на притисокот. 

Заштитата на военото моторно возило од иднината се постигнува со комбиниран оклоп со степен на заштита од четвртата до шестата класа од стрелечко оружје, со отпорност на мини )степен на заштита од втора до четврта класа), како и неповредливи тркала. 

Заради поголема безбедност задолжително се воведуваат антиблокадни системи за кочење и систем за контрола на влечата.

Напредни решенија 

На фабричкиот полигон во градот Набережни Челни на 15 март 2013 година беше презентирана цела низа од сите модели на КАМАЗ кои влегуваат во состав на вооружените сили. Најголемо внимание привлече првенецот на новата генерација руски специјални возила „Тајфун-К“. 

Тактички заштитените возила од новата генерација од серијата „Тајфун“ можат да имаат конструкција од еден или од повеќе делови. Тие се наменети за извршување борбени задачи, сметајќи ги и оние до монтирано вооружување и со воена специјална техника, како и за позадинско и за останати видови обезбедување: превезување луѓе и товар. Многу карактеристики на овие возила се држат во тајност.

КАМАЗ-63968 „Тајфун“. Фотографија: Виталиј Кузмин.

Познато е дека погонскиот агрегат на новото возило нема ништо заедничко со автомобилите кои денес се произведуваат. Целосно независниот трап на сите шест тркала помогна да се реализираат барањата што се однесуваат на брзината на движење по земјени патишта и да се зголеми проодната моќ на возилата со примена на променлив клиренс. 

Исто така е познато дека за време на работата врз оклопната заштита на перспективниот модел учествувал и нуклеарниот центар во Саров. За прв пат во практиката на руската автомобилска индустрија се применува керамички оклоп чие производство е успешно организирано во Новосибирск, со потребниот квалитет и квантитет. 

Користењето автоматска трансмисија е уште еден од задолжителните услови. Примената на автоматски менувач ќе ја намали веројатноста за грешка но возачот и ризикот од расипување на скапата техника. 

Останува отворено прашањето за погонскиот агрегат. Нагледните мостри се опремени со турбодизел мотор со јачина од 550 коњски сили, но не се споменуваат никакви детали во врска со ова. 

За ова лето АД „КАМАЗ“ планира да почне со производство на нагледна партија на слични возила по нарачка на министерството за одбрана. Ова отвора надеж дека вооружените сили веќе во блиска иднина ќе добијат нови модели за чија изработка не е користено само светското искуство, туку и последните достигнувања на домашните конструктори на автомобили. 

Оригинал: http://vpk-news.ru/articles/15105

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња