„Новите авиони станаа дел од едната од јуришните воздухопловни ескадрили кои се наоѓаат во состав на 4 армија на ВВС и ПВО. Оваа ескадрила е базирана на подрачјето на Кубањскиот регион. Притоа оваа група авиони прелета растојание од 800 км“, истакна началникот на прес-центарот на Јужниот воен округ Вадим Астафјев.
Су-25СМ3 го доби најновиот систем за индивидуална заштита ПеБ „Витебск“ кој на тестирањето успеа да избегне дури 20 ракети истрелани од ЛПРС „Игла“. Модернизиран е напаѓачко-навигацискиот систем и вграден е електрооптички блок од нова генерација СОЛТ-25. Виталните делови на авионот се дополнително зајакнати со оклопни плочи кои се направени во комбинација од титаниум и специјален челик, а кои можат да издржат погодоци од 30-мм ПА топ.
Се работи за верзија на авионот кој пилотите веќе го нарекоа „Суперграч“ и неговата основна функција е драстично зголемување на степенот на заштита од сите типови противвоздушни ракети и вкупната жилавост во услови на интензивна експлоатација.
При приемот на овие авиони во оперативен состав, инженерско-техничката служба ја провери исправноста на механиката на авионите како и сите негови агрегати во различни режими на експлоатација.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче