Двојно зголемена ефикасноста на модернизираните офанзивни авиони „Грач“

Слободан Ѓукиќ
Стручњаците речиси двократно ја зголемија борбената ефикасност на офанзивниот авион Су-25СМ3, познат како „Грач“.

Авионот доби попрецизни проектили, нова електроника и заштитен систем „Витебск“, соопшти за агенцијата „Интерфакс“ извор од руското воено воздухопловство, а пренесува порталот rg.ru.

Новата муниција е речиси двапати поефикасна од претходните. Сега Су-25СМ3 применува бомби кои според прецизноста можат да се споредат со наведувачките ракети. Суперпрецизниот нишански систем СОЛТ-25 со помош на телевизиска и на термовизиска камера ги открива и ги лоцира непријателите во секој дел од денот. Овој систем може да го зголеми објектот за 16 пати и автоматски да следи подвижна цел оддалечена 6-8 километри со прецизност од половина метар.

Соговорникот на агенцијата „Интерфакс“ исто така соопшти дека офанзивните авиони добиле заштитен систем „Витебск“. Тој ќе го заштити авионот од непријателско копнено оружје со инфрацрвен систем за наведување. „Витебск“ ги попречува сите постојни копнени системи, открива лансирање ракети и гормира фиктивна површина за одбивање инфрацрвени зраци, така што авионот не може да биде погоден од преносен зенитно-ракетен систем.

Модернизираната верзија на авионот ја прави научно-производствениот концерн „Штурмовики Сухово“. Сите работи се извршуваат во Кубинка (Подмосковје).

Су-25СМ3 е советски и руски офанзивен подзвучен авион со оклопна заштита. Наменет е за давање поддршка на копнените трупи. Долг е 15 метри, распонот на крилата изнесува 14.5 метри, а полетната маса му е 14.6 тони. Развива брзина од 975 километри на час. Без дополнување гориво може да лета 1.950 километри на висина до 10 километри. Вооружен е со ненаведувачки и со наведувачки бомби и ракети и со авионски топови „Грјазев-Шипунов“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња