Рускиот контингент ја блокираше сириска Дума: Со специјални возила „Тајфун“ К-53949 бараат мини

Наука и технологија
СЛОБОДАН ЃУКИЌ
Воената полиција влезе во населбата со специјалните оклопни возила „Тајфун“ К-5394 кои се опремени со уредите за блокирање на радио-комуникација РП-377ВМ1. Овој уред е првенствено наменет за блокирање на радио-врската која денес масовно ја користат терористите за далечинско активирање на минско-експлозивни средства.

Единиците на Воената полиција кои се наоѓаат во состав на рускиот контингент во Сирија продолжуваат со операцијата за општа стабилизација во неодамна ослободените делови на Дамаск, познати како Источна Гута/Дума. Вкупната јачина на овие сили распоредени по централните улици во ова населено место е еквивалента на еден пешадиски баталјон. 

Овие единици, покрај дополнителното осигурување на безбедносната ситуација во Дума, имаат задача и да му помогнат на месното цивилно население, пред сѐ кога се работи за доставување на основни животни намирници и останатата, првенство, лекарска помош. Тука се наоѓа и медицински пункт кој води сметка за здравствениот статус на жителите кои со години живееја во еден вид перманентен страв и хроничен недостиг на животни намирници.

Воената полиција влезе во населението со специјалните оклопни возила „Тајфун“ К-53949 кои се опремени со уредите за блокирање на радио-комуникација РП-377ВМ1. . Овој уред е првенствено наменет за блокирање на радио-врската која денес масовно ја користат терористите за далечинско активирање на минско-експлозивни средства. Постои основано сомневање дека во урнатините на Дума се наоѓа голем број на вакви „пеколни“ направи кои мораат да се пронајдат и деактивираат.

Може да се констатира дека единиците на рускиот контингент покрај своите стандардни активности почнаа и со операција за деминирање на оваа зона, која ја изведуваат со специјални елементи на противдиверзантски тимови кои се наоѓаат како во состав на руската, така и на сириската армија, а кои последниве две години се обучувани од страна на своите руски колеги.

Прочитајте повеќе: Првите „Тајфуни“ пристигнаа во руската армија