Извор: Алексеј Китаев / Википедија
На бојното поле тенкот има многу противници. Најопасни за оклопниците се војниците со ракетни лансери, хеликоптерите и противтенковската артилерија ПТРК. Со цел да се зголеми борбената заштита на тенкот од овие закани во борбениот комплет Т-90СМ се воведува нов шрапнелно-фугасен истрел ЗВОФ77В со шрапнелно-фугасен проектил ЗОФ54, а исто така и истрел ЗВШ7 со проектил со готови убиствени елементи ЗШ7 Ворон. Гранатите се комплетираат со електронски далечинско-контактни осигурувачи ЭДКВ разработка на НИИ „Поиск“ ЗВМ17 и ЗВМ18.
За да обезбеди стрелба тенкот ќе биде опремен со системот за далечинско детонирање Ајнет. Овие боеви системи ќе станат вистински „челичен дожд“ за противничките противтенковски комплекси.
Ајнет има ласерски далекомер, а операторот го мери со помош на оддалеченоста од целта. Оваа информација се испраќа во програмираниот електронски детонатор, а испуканата граната не експлодира во контакт со целта, туку на определено растојание од неа. Ваквиот метод на стрелање ја зголемува точноста: карактеристиките на радиусот на паѓање на шрапнелите и прецизноста на стрелањето оддалеку се подобруваат за три пати, што, од своја страна, ја намалува за двапати средната потрошувачка на гранати. Со овој систем се компатибилни сите 124-милиметарски шрапнелно-фугасни гранати доколку се замени постојниот детонатор со електронски.
Ајнет ќе биде подеднакво ефикасна како против авионската техника, така и против лесната оклопна техника и живата сила, која се наоѓа на отворено и во окопи, на растојание од 4 и повеќе километри.
Како што тврди „Вестник Мордовии“ при директна борба на руските тенкови кое се опремени со новите гранати и американскиот ПТРК Џавелин (за кои владата на САД размислува да ги испрати во Украина), Ајнет нема да му остави шанса да преживее.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче