На Црвениот плоштад за Парадата на Победата ќе дефилира најновата воена техника

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Пробите за Парадата на Победата се вршат од 28 март во подмосковскиот град Алабино, а од крајот на април ќе се одржуваат ноќе на Црвениот плоштад, изјави во интервјуто за весникот „Краснаја звезда“ командантот на руската Копнена војска генерал-полковник Олег Саљуков.

„На деветти мај на претстојната Парада нѐ очекуваат неколку новитети. Пред сѐ тоа е борбената машина за поддршка на тенкови БМПТ „Терминатор”, ЗРК „Тор-М2”, како и оклопните автомобили „Тајфун-К” со погон 4х4“, нагласи Саљуков.

Според неговите зборови, првпат во колоната на Црвениот плоштад ќе се најдат оклопните возила ВПК-233136 „Тигар”, „Урал-432009” и блиндираниот автомобил „Патруљ”, кој влегува во составот на механизираната единица на Росгвардија.

Ќе има и многу стари познаници, како што се тенковите „Армата”, БМП „Курганец” и БТР „Бумеранг”, самоодните хаубици „Мста-С”, ЗРК „Бук-М2” и „Панцир-С1”, ракетните системи „Искандер-М” и „Јарс”.

Над Црвениот плоштад ќе прелетаат стратешки ракетоносци Ту-160, Ту-95МС, далекулетни бомбардери Ту-22М3, танкери Ил-78, военотранспортни авиони Ан-124 и Ил-76МД, ловци Су-35С, Су-30СМ, МиГ-29, МиГ-31, фронтовски бомбардери Су-34 и Су-24М, јуришници Су-25, како и хеликоптери Ми-26, Ми-8, Ми-28Н, Ка-52 и Ми-24П.

Погледнете како изгледаше ланската генерална проба за Парадата на Победата.