Зошто „Тунгуска” и понатаму е самооден ПВО-систем број еден

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Модернизираниот противвоздушен самооден систем 2С6М1 „Тунгуска” и понатаму ќе биде страв и трепет за американските „Апачи“ и „Кобри“. Воведувањето на термовизиски нишан ќе му овозможи на борбеното возило добар преглед во секое време на денот и ефикасна поддршка на тенковските и моторизираните единици.

Системот што беше држен во тајност од моментот на проектирање и во јавноста споменат дури по војната во Персискиот залив 1991 година засега нема директни пандани во странство.

Многумина сметаат дека самото појавување на ваква техника претставува голем напредок за ПВО, затоа што кај овој систем во едно возило успешно се комбинира ракетно и артилериско вооружување. Во тоа е уверен воениот експерт, главен уредник на магазинот „Арсенал Отечества” полковник Виктор Мураховски.

„Тунгуска“ заработи одлични оцени кај војската. Лично повеќе пати на различни вежби ја видов нејзината реална примена. Во тоа време тоа беше ненадминат систем за противвоздушна одбрана за непосредна заштита на војската во борбени услови. Тогаш масовно се појавија борбените хеликоптери во состав на армиите на западните земји, а пред сѐ на Америка. Прашањето како да се бориш против нив беше многу актуелно, но во советската војска тоа фактички е решено со воведувањето на 2С6 во состав на вооружувањето“, објаснува експертот.

„Тунгуска“ може да дејствува и во фаза на одбраната, но и на нападот, непосредно зад борбената линија на тенковите и борбените возила на пешадијата.

Ракетното вооружување на системот овозможува гаѓање на цели на растојание до 10 километри и на висина од 15 до 3500 метри. На помали растојанија (до 4000 метри) „Тунгуска” ги напаѓа целите со помош на два двоцевни автоматски топови со калибар 30 милиметри кои имаат брзина на гаѓање до 5000 гранати во минута. Борбениот  комплет го сочинуваат 8 ракети и 1904 гранати.

Прочитајте повеќе за тоа кои се најопасните руски зенитни системи