Сиријците во борба против тероризмот направија хибрид на „Шилка“ и „Катјуша“?

Григориј Сисојев/Sputnik
Покрај максималната работа на унапредување на оклопната заштита на самоодниот артилериски систем ЗСУ-23-4 „Шилка“, Сиријците решија да ја зголемат и неговата огнена моќ. Имено, тие покрај топовските цевки заварија шински лансери со ракети кои според сè ги испукуваат по цели на земјата. Самата ракета според својот облик недоволно потсетува на оние што се лансираат од легендарниот лансер на ракети со повеќе цевки БМ-13 „Катјуша“.

Противвоздушниот артилериски систем ЗСУ-23-4 „Шилка“ веројатно спаѓа во вид на оружје за ПВО кој е рекордер кога ќе се избројат сите војни во кои има учествувано. На Блискиот Исток своевремено соборуваше „Фантоми“ и „Скајхоки“. Беше незаменливо оружје во Иранско-ирачката војна, во војните на просторите на Етиопија и на Ангола. На просторите на Авганистан „Шилка“ пред сè се користеше за уништување површински цели. За оваа намена врз база на стандардното оружје развиена е и специјална модификација ЗСУ-23-4М2 кој вклучува зголемен борбен комплет гранати за речиси 50%, како и дополнителна модификација на оклопната заштита. И подоцна ова средство со голем успех учествуваше во бројни конфликти кои се јавија на постсоветскиот простор.

Во последно време овој систем е особено експлоатиран во Сирија каде на огромен број видeоснимки се гледа неговото дејствување, главно по површинските цели, најчести во состав на поддршка на оклопно-механизираните единици на сириската армија. „Шилка“ е активна практично од самиот почеток на оваа крвава војна. Иако ова оружје во суштина претставува веќе застарен примерок на вооружување, поголемиот број армии кои го имаат во својот состав едноставно не сакаат да се откажат од неговите услуги, особено кога непосредно треба да се поддржи напад на копнените сили со густ рафал од топовски гранати.

Овој ненадминат советски/руски систем постојано се модернизира, и на него се додаваат нови електрооптички и радарски системи. Последните модификации на „Шилка“* покрај топови содржат и ракети кои се наменети за уништување цели во воздушниот простор.

Сириската армија исто така ги подобри борбените можности на ова самоодно ПА средство со калибар од 23 милиметри. Во борбени услови, се детектира најслабата алка во употребата на „Шилка“. Ова се однесува на нејзината релативно слаба оклопна заштита поради која ова средство може мошне лесно да биде онеспособено ако се најде на нишан на непријателот. Затоа „Шилка“ е заштитена со различни оклопни плочи и прегради, а неретко на неа се додава големо количество противкумулативни решетки, така што од надворешна страна изгледа како еден голем подвижен кафез од кој се гледаат четири спрегнати топа.

Но, Сиријците се сетија покрај максималната работа на унапредување на оклопната заштита да ја зголемат и нејзината огнена моќ. Имено, тие покрај топовските цевки заварија шински лансери со ракети кои според сè ги испукуваат по цели на земјата. Самата ракета според својот облик недоволно потсетува на оние што се лансираат од легендарниот лансер на ракети со повеќе цевки БМ-13 „Катјуша“. Ракетата е од домашно производство, а попрецизни податоци за нејзините техничко-тактички можности засега не се познати. Но, врз основа на фотографиите кои се појавија на една од снимките на Јутјуб (види горе) може да се претпостави дека нејзината должина се движи помеѓу 700 и 800 милиметри, и дека веројатно може со себе да понесе боева глава со тежина од 5 до 6 килограми. Во секој случај, оваа ракета има способност да ги зголеми борбените можности на „Шилка“, особено за време на гаѓањето на запоседнати објекти со голем број преградни ѕидови, а кои 23-милиметарските гранати потешко можат да ги пробијат.

* верзии ЗСУ-23-4М4 „Шилка-М4“ и ЗСУ-23-4М5 „Шилка-М5“

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња