Претставниците на руската војска досега не бараа да се вградува клима во машините, сметајќи го тоа за прекумерен луксуз, иако „Уралвагонзавод“ вградуваше такви системи во тенковите наменети за извоз во Алжир и Ирак. Клима уредот КТЭ-ВТ сега станува дел од редовната опрема и на рускиот тенк Т-90М.
КТЭ-ВТ е термоелектричен клима уред. Базиран е на таканаречениот Пелтиев ефект. Со минувањето на струјата низ спојот од два различни полупроводници едниоот се загрева, а другиот се лади. Клима уредот ќе го сочинуваат два блока кои ќе можат независно да се вклучуваат и да го насочуваат движењето на ладниот воздух. Таквите системи се применуваат во производството на преносните фрижидер-торби, системите за ладење на компјутерските процесори и кулерите за вода. Современите Т-90М со клима уред ќе влезат во вооружувањето на руската војска во 2018 година.