Изјавата на рускиот претседател Владимир Путин за најновото оружје на Русија го поттикна Вашингтон да извади од нафталин некои идеи од времето на Реган. Анџело Кодевила, еден од првините идејни творци на програмата „Стратешка одбранбена иницијатива“, изјави дека речиси ниедно „чудесно оружје” кое е рекламирано пред три децении, не влегло во експериментална фаза. Сега проектирањето на ова оружје треба да почне од почеток, пишува Asia Times.
Притоа некои елементи од таа програма и понатаму можат да бидат актуелни, смета Кодевила. Според него, само два потенцијални противракетни системи можат да ги задржат руските и кинеските интерконтинентални балистички ракети (токму за нив се вели дека се „супероружје”). Тоа се: вселенските ласери кои соборуваат ракети и орбиталните оптички системи кои го регистрираат нивното лансирање. Овие системи, истакнува тој, овозможуваат пресретнување на балистички ракети исклучително при полетувањето, во фазата на забрзување, пред одвојувањето на нуклеарните боеви глави од погонскиот дел на ракетата.
Кодевила додава дека вселенското ласерско оружје било единствениот систем од „војните на ѕвездите” кој се приближил до фазата на тестирање. Последниве 30 години технологиите кои можат да се користат за вселенски ласери значително напредувале, што го прави поедноставно и поевтино нивното производство.
Што се однесува до орбиталниот оптички систем, се работи за сателит кој може да ги „види” непријателските ракети од вселената без оглед на тоа од каде се лансираат. Во прашање е системот SBIRS-Low, кој бил наменет за откривање на советските интерконтинентални балистички ракети при лансирањето.
Вториот противракетен системи од „војните на ѕвездите”, според мислењето на Коделвила, тешко можат да се реализираат во реалноста. На пример, оружјето базирано на формирањето на зрак од елементарни честички кое би било распоредено во вселената би барало огромни генератори за кревање во орбитата.
Научникот смета дека сегашните американски противракетни системи, кои се наоѓаат на Алјаска и во Калифорнија, воопшто не се способни да се носат со новата закана од страна на Моксв аи Пекинг. Тој тврди дека САД осталнале практично без заштита против руските и кинеските ракети.
Само, сепак едно нешто експертот премолчува, пишува рускиот портал „Взгљад”, коментирајќи ги неговите изјави: дека и Русија е исто така без заштита пред американските балистички ракети, што и ја прави суштината на „стратешкото одвраќање”. Можноста една страна да постигне предност при нанесувањето на првиот нуклеарен напад и да го избегне гарантираниот одговор би ја загрозила стратешката безбедност, за што руското раководство во повеќе наврати зборуваше.
Руското Министерство за одбрана и Владимир Путин исто така повеќе пати изјавија дека најновите руски воени проекти се насочени, меѓу другото, на совладување на американскиот систем за ПРО. Се зборуваше, на пример, за тестирањата на маневрирачкиот хиперсоничен блок „Авангард” кој е наменет за поставување на интерконтиненталните балистички ракети.
Стратешката одбранбена иницијатива е програма која претседателот на САД Роналд Реган ја објави на 23 март 1983 година и која требаше да создаде научнотехнички основи за развој на сеопфатен систем за ПРО со елементи базирани во вселената.
Во тоа време се зборуваше и за тоа дека оваа програма е всушност глобална измама која има за цел да го вовлече СССР во трката за вооружување, нешто што успеа да го постигне, пишува „Взгљад“.