Скриншот
Видеоснимката што ја објави Министерството за одбрана на РФ по традиција најсилен впечаток им остави на британските таблоиди. На пример, популарното издание „Дејли Меил“ напиша дека модернизираната противракета е „убиец на сателитите на западните земји“, а весникот „Мирор“ дека тоа тестирање е „одвај камуфлирана закана до Западот“.
Јапонскиот информативен портал „Дипломат“ објави опширна статија за усовршувањето на целиот руски систем за противракетна одбрана и тестирањето на противракети. Јапонците истакнуваат дека противсателитските ракети предизвикуваат загриженост кај американското раководство.
Директорот на американската Национална разузнавачка агенција Ден Коутс изјави дека „Русија и Кина продолжуваат да го користат антисателитското оружје како средство за намалување на воената ефикасност на САД и нивните сојузници“. А високиот претставник на разузнавањето на САД Роберт Ешли изјави дека Москва ќе продолжи да работи над копнено, воздушно и вселенско антисателитско оружје кое ќе ѝ користи како средство за намалување на воената ефикасност на САД и контрола над ескалацијата на конфликтот“.
Медиумите на другите земји беа поскромни во изјавите. На пример, индискиот информативен портал Defense World ја покажа видеоснимката со следнава констатација: „Системот за противракетна одбрана има задача да ја заштити Москва од вселенски напади, да предупреди за ракетен напад и да го контролора вселенскиот простор“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче