Панцир-С1
Сергеј Бобилев/TASSПовеќе од дваесет системи „Панцир-С” ќе бидат упатени во Подмосковје на постојаните позиции на противвоздушните ракетни полкови на 1 ПВО-ПРО армија за посебнa наменa на Воздушно-космичките сили по успешните вежби и техничкото сервисирање извршени на полигонот „Ашулук” во Астраханската област. На полигонот борбените единици ја увежбуваа постапката на полнење на ракетното и топовското вооружување на противовздушните системи, го распоредуваа системот во борбена положба, бараа и следеа цели, гаѓаа цели од борбените позиции, но и од движење (вклучувајќи гаѓање на воздушни цели со плотунски оган од ракетно вооружување гаѓање на цели на земја со топовско вооружување).
Вкупно се истрелани околу 2,5 илјади проектили врз дваесет мети. Еден дел од метите симулираше крстосувачки ракети, аеродинамични цели и беспилотни летала, а друг лесна оклопна копнена техника. Противвоздушните ракетно-топовски системи „Панцир-С” се поставуваат на шасии на камиони. Наменети се за противвоздушна одбрана на воени и цивилни објекти и за заштита на противвоздушните ракетни системи со голем радиус на дејство.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче