Иако надворешниот изглед на автомобилот е многу изменет, силуетата на „Лада 4x4 Bronto“ и понатаму јасно се препознава. Радикални промени претрпе и внатрешноста на возилото. Во кабината се поставени кожни седишта од германскиот седан BMW E36 кој се произведуваше кон крајот на деведесеттите години на минатиот век. Седишта исто така имаат и греење во вид на позајмица од моделот „Лада Приора“ на АвтоВАЗ. Притоа е направена специјална централна конзола.
Во просторот за нозете на возачот и совозачот е вградено LED осветлување кое е поставено и во багажникот. Плафонот е земен од Chevrolet Blazer. Покрај бројните опции е монтирано и копче за старт на моторот. Затоа слободно може да се каже дека ерменските мајстори ја претвориле скромната „Нива“ во луксузен автомобил.