Новото теренско возило на произведувачот на автомобили „АвтоВаз“ (новинарите го нарекоа проектот „Нива-3“) ќе се произведува со два типа каросерија (со пет и со три врати). Според некои извори, се очекува да има нов мотор со зголемена моќност (денес има моќност до 83 коњски сили), унапреден менувач и нов носач на моторот, пренесува Ex-roadmedia.ru.
Актуелната верзија „Лада 4x4“ има фабрички индекс М2. Според документите на компанијата, на почетокот на 2016 година ќе биде претставена првата партија на техничката модернизација за ова возило. Втората етапа на модернизацијата на теренското возило ќе биде завршена во 3 квартал годинава, по што „Лада 4x4“ ќе добие фабрички индекс М5. Притоа модернизираната „Лада 4x4“ со старата каросерија некое време ќе се продава паралелно со новиот модел.
Возилото со работен наслов „Нива-3“ кое ќе биде претставено во 2018 година, според габаритот ќе биде значително поголемо од „Лада 4x4“, соопштија конструкторите од „АвтоВАЗ”.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче