За потребата за создавање нова бомба почна да се зборува на почетокот од веков, а веќе во првите недели од 2018 година новото смртоносно оружје се подготвува за испорака на армијата.
За време на сириската кампања Русија масовно употребуваше планирачки авионски бомби ФАБ-500 кои се направени пред 50 години.
Треба да се истакне дека тоа беа технички застарени бомби, но сепак делумно модифицирани – во секоја бомба е интегриран систем за насочување кон целта. Едноставно речено, од обични гравитациски бомби направени се прецизни проектили со чија помош руските воздушно-космички сили во борбените дејствија против терористичката организација „Исламска држава“ избегнаа цивилни жртви.
Но, бомбите направени пред 50 години повеќе не се поволни за евентуална борба против високоразвиените воени сили зашто сите современи средства за ПВО можат да соборат планирачка бомба, но и да откријат бомбардер, зашто бомбите добро се гледаат на радарите.
Така во опасност се доведува и животот на пилотот и успехот на операцијата.
Поради тоа рускиот воен врв иницираше создавање нови авионски бомби кои ќе ја заменат застарената муниција.
Во следниве години бомбите ФАБ-500 кои не можат да се насочуваат ќе бидат заменети со самонасочувачки планирачки авионски бомби „Дрељ“.
Станува збор за касетна бомба со 15 елементи кои содржат бакарни ударни јадра. Тие се распрснуваат со брзина од 3 километри во секунда и целосно го пробиваат секој оклоп.
Планирачките авионски бомби се многу поевтини од високопрецизните ракети зашто немаат ракетен мотор. Притоа експлозивната маса на бомба со калибар од 500 килограми како што е „Дрељ“ сочинува 70% од нејзината вкупна тежина. Со други зборови, една боева глава содржи над 370 килограми експлозивна супстанца наполнета со бакарни јадра кои за време на експлозијата се распрснуваат на сите страни со брзина од 3 километри во секунда.
Новата авионска бомба може да биде фрлена на непријателот од оддалеченост од 30 километри, а благодарение на системот за навигација ГЛОНАСС може прецизно да ја погоди целта (за разлика од гравитациските и планирачките бомби направени минатиот век).
Производителите на оружје планираат во иднина да вградат во својот производ високоенергетски мотор со кој драстично ќе се зголеми дострелот на „Дрељ“
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче