Веста ја објави „Интерфакс”, повикувајќи се на изјавата на Дмитриј Семизоров, директор на Централниот научноистражувачки институт за прецизно машинство во состав на државната корпорација „Ростех”.
„Пушката влезе во состав на вооружувањето на Федералната служба за обезбедување (ФСО), Росгвардија и Федералната служба за безбедност (ФСБ). Годинава ги почнуваме сериските испораки“, рече Семизоров.
Претходно беше објавено дека по замената на деловите на пушката од странско производство со домашни, оваа пушка ќе се користи и за потребите на Министерството за одбрана на Русија. Се претпоставува дека тоа ќе се случи до 2020 година.
Пушката „Точност” е конструирана врз основа на високопрецизната пушка Т-5000 калибар 7,62 милиметри.
Американските експерти веќе проценија дека руската високопрецизна пушка со голем дострел Т-5000 би можела да ги промени самиот поим за „безбедно растојание“ и вообичаената тактика на војување.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче