Руската армија се вооружи со тенкови „Терминатор-2“

„Терминатор 2“

„Терминатор 2“

Антон Новодерјожкин/TASS
Постои принципиелна одлука да се вооружи руската армија со најновото борбено оклопно возило за поддршка БМПТ-72 „Терминатор-2“, вели извор во одбранбено-индустрискиот комплекс.

Неопходната документација за тоа ќе биде потпишана во најскоро време, потврди изворот за РИА „Новости“.

Најновото руско борбено возило претходно беше снимено кога сирискиот претседател Башар Асад ја посети руската воена база Хмејмим.

Башар Асад во базата Хмејмим, 27 јуни 2017.

Благодарение на резултатите од Сирија и позитивните оцени кои руските тенковски екипажи ги дадоа на ова средство, решено е да „Терминатор-2“ од оваа година да се воведе во вооружувањето на руската армија.  

„Терминатор-2“ е наменет за борба против тенкови и други оклопни возила на непријателот, за одбивање на напади од хеликоптери и авиони кои летаат ниско.

Прочитајте повеќе како се склопуваат „Терминаторите”: Објавени фотографии од тајните одделенија на „Уралвагонзавод”

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња