Специјалните автомобили врз база на „Нива“ и багито „Ура“ се испробаа на вежба

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
На заедничките руско-белоруски воени вежби за учество во мировни операции кои се одржуваат во близина на Улјановск, беа претставени новите специјални возила направени врз база на возилата на руската фабрика за автомобили АвтоВАЗ.

Фабриката од Толјати претстави две комплетно преработени „Ниви“, како и баги, помал лесен автомобил со зголемена проодност. Тој е испробан на класично беспаќе со снег кое, инаку, можат да го поминат само БТР и БМД.

„Багито е добра варијанта за извршување на извидувачки и диверзантски задачи. Херојот на Русија, полковник на силите за специјални операции на Воздушно-десантните сили Анатолиј Лебедев сонуваше за такво возило, го исчекуваше моментот кога ќе пристигнат во војската. Зборуваше дека „Тигар“ и БМД се добри, но дека се наменети за други задачи. А за извидување и брзо реагирање е потребен лесен автомобил“, вели раководителот на проектот за производство на специјални автомобили за безбедносните структури Анатолиј Охримец.

„Нашето баги е тешко само 750 килограми“, продолжува тој. „Така вчера, на пример, се построивме во две колони, го фативме автомобилот во раце и така го преместивме. Не треба да се занемари ни маневарбилноста, прегледноста, потрошувачката на гориво (од 12 до 15 литри на сто километри во однос на педесетте литри на „Урал“ и ГАЗ-66)“.

Проектот е почнат во фирмата-ќерка на АвтоВАЗ во ноември минатата година. Во овој момент се произведени три примероци.  Багито се вика „УРА“. Неговите креатори првин го има на ум борбениот повик „Ура“, но може да се чита и како кратенка од „Ударно-извидувачки автомобил“ (Ударно-разведывательный автомобиль). Има погон на задните тркала, мотор и менувач типични за АвтоВАЗ, но и можност за вградување на суперпроодни гуми.

Во багито можат да се сместат возачот и два војника. На покривот е куполата на која се поставува митралез, а багажникот се користи за оставање на борбениот комплет и друга опрема. „УРА“ е наменет и за достава на беспилотни летала. Со помош на овој автомобил борбените задачи можат да се решаваат максимално брзо и незабележливо.

Модифицираните „Ниви“ се автомобили за огнена поддршка. На еден од моделите може да се постави автоматски фрлач на гранати, како и друго оружје и да се користи во движење. Благодарение на изедначените конструкторски решенија можно е, исто така, АГС да се замени, на пример, со митралез „Печенег“ со калибар 7,62-мм или митралез „Корд“ со голем калибар.

Погледнете го неверојатниот руски баги УРА